Муминовиќ: Потребни се системски реформи за намалување на корупцијата во судството

0
454
Харис Муминовиќ

Политичките и бизнис влијанија можат значително да влијаат врз спроведувањето на препораките за намалување на корупцијата. Ваквите влијанија можат да имаат негативен ефект на борбата против корупцијата, бидејќи се обидуваат да ја задржат или зголемат својата моќ и влијание преку коруптивни практики, вели доц.др.проф. Харис Муминовиќ од Факултет по правни науки на Универзитетот Доња Горица, во Подгорица, Црна Гора во интервју за ПИНА. Како поранешник судски советник добро е запознаен со проблемите во судството и смета дека треба уште многу работа за да се направат системски реформи за подобрување на независноста на судовите.

Кои се главните пречки за намалување на корупцијата во судството?

– Намалувањето на корупцијата во судството е комплексен предизвик кој вклучува различни аспекти. Некои од главните пречки за успешното намалување на корупцијата во судството вклучуваат недостаток на независност и непартизираност. Имено, корупцијата може да се заштити и поддржи од страна на влијателни политички или бизнис интереси кои можат да влијаат на независност на судските институции. Недостаток на транспарентност и отвореност.

Доколку процесите во судството се изведуваат во тајност или ако е нејасно како се донесуваат одлуките, тоа може да содзаде услови за корупција и злоупотреба на власт. Недостаток на одговорност. Кога судиите и другите работници во судството не се одговорни за своите постапки, нивната неприкосновеност може да биде искористена како покрив за корупција. Недостаток на професионална обука и етички стандарди. Недостатокот на строги етички стандарди и недоволната обука за судиите и службенитице во судството може да ги остави неприготвени за одржување на интегритет и откривање на корупцијата.

Политички притисоци и мешање. Корупцијата во судството може да биде поттикната од страна на политичките интереси кои се обидуваат да влијаат на праводусните процеси во нивна корист. За да се намали корупцијата во судството, потребно е да се превземат системски реформи за јакнење на независноста, транспарентноста, одговорноста и професионалната обука на судските работници, како и за спречување на политичките притисоци и мешањето во правосудните процеси.

Какви се бизнис-влијанијата врз судството?

– Да, политичките и бизнис влијанија можат значително да влијаат врз спроведувањето на препораките за намалување на корупцијата. Ваквите влијанија можат да имаат негативен ефект на борбата против корупцијата, бидејќи се обидуваат да ја задржат или зголемат својата моќ и влијание преку коруптивни практики. Евидентно е дека, иако постојат препораки и закони за намалување на корупцијата, тие не се спроведуваат во пракса или се спроведуваат недоволно ефикасно поради влијанието на политичките и бизнис интереси. Ова може да се случи преку различни начини, како што се лобирање, притисоци, корупција и слично. Корупцијата може да стагнира или да се зголеми во такви случаеви, бидејќи институциите кои треба да бидат одговорни за борбата против корупцијата можат да бидат манипулирани или подложни на влијание. Ова може да доведе до доверба кај јавноста и меѓународната заедница во институциите и нивната способност да ја спроведат борбата против корупцијата. За да се спротистави на овие предизвици, потребни се силни мерки за заштита на независноста и интегритетот на институциите, како и за подобрување на транспарентноста и одговорноста во нивното функционирање. Таквите мерки вклучуваат јавност на постапките, јакнење на механизмите за надзор и контрола, како и зголемување на свесноста и ангажманот на граѓаните во борбата против корупцијата, додава Муминовиќ.

Како ја оценувате политичката волја за средување на корупцијата во секоја од земјите на Западен Балкан?

– Оценувањето на политичката волја за средување на прашањето на корупцијата во земјите на Западен Балкан може да биде комплексно и различно во зависност од конкретната ситуација во секоја земја. Воопшто, постојат неколку аспекти кои треба да се разгледуваат. Политичката декларативна волја. Имено, многу земји на Западен Балкан декларативно изразуваат волја за борба против корупцијата. Тие можат да потпишат меморандуми, да се обврзат со меѓународни споразуми и да изразат јавна поддршка за борбата против корупцијата. Примена на законодавството. Ефективноста на политичката волја може да се мери и според примената на законодавството во борба против корупцијата. Достапните закони и правила треба да се применуваат рамноправно и без изборни критериуми. Институционални реформи. Политичката волја може да се оцени и преку мерките и реформите што се превземаат за јакнење на институциите за борба против корупцијата, како што се антикорупциските тела, судство, полиција и слично. Транспарентност и одговорност. Земјите на Западен Балкан можат да оценат спроед нивната политичка волја за зголемување на транспарентноста и одговорноста во своите институции. Ова вклучува јавност на информации, отчетност и механизми за контрола. Соработка со меѓународните институции. Постојат случаеви кога политичката волја за борба против корупцијата се мери и преку соработката и синхронизацијата со меѓународните институции, како што се: Европската Унија. Одделот за бобра против корупција на Обединетите Нации, и слично. Секоја земја на Западен Балкан има различни предизвици и специфични контексти, затоа оценувањето на политичката волја треба да биде пристапено со предвидување на овие разлики и со обемна анализа на наведените аспекти.

Автор: Ѓорги Ристов

  • Текстот е изработен во рамки на Програмата за млади новинари на ПИНА