Собрание на ПИНА:
Кристина Озимец е истражувачка новинарка од Скопје и претседателка на ПИНА. Таа подолг период работи на истражувачки стории и анализи во различни области како политика, корупција, владеење на право, човекови права, граѓанско општество, образование итн. Има добиено неколку награди за нејзините истражувачки стории. Во моментот е главен координатор на две програми во ПИНА – Програмата за жени новинарки и Програмата за мобилно новинарство. Таа е главен координатор и на Медиумски Фестивал Скопје, неколкудневен медиумски настан во организација на ПИНА. Озимец има дипломирано новинарство на Правниот факултет во Скопје и е на магистерски студии на Институтот за комуникациски студии.
Марина Лазаревска е една од основачите на ПИНА и фестивалски координатор на Медиумски Фестивал Скопје кој го организира ПИНА. Таа е новинарка специјализирана за култура и филм и дипломира на студиите по новинарство. Сега работи за три различни компании, помагајќи во стратегиитe за односи со јавноста, креирање дневни содржини за фестивалски настани и организирање конференции. Дописник е на Filmneweurope.com за Македонија.
Златица Петковска од Скопје е една од основачите на ПИНА и асистент на Медиумски Фестивал Скопје. Таа е фриленсер со новинарско искуство во неколку македонски медиуми.
Ивана Митровска е дипломиран новинар со десетгодишно телевизиско искуство како репортер и презентер на вести. Има учествувано на бројни семинари од областа на новинарството. Била претставник од земјава на обука во школата за електронски медиуми во Потстдам и волонтер во македонската редакција на Дојче Веле во Бон. Митровска е дел од Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА.
Васко Торков е софтверски инженер и еден од основачите на ПИНА. Тој е одговорен за функционирањето на целата IT инфраструктура на ПИНА, вклучувајќи ги и веб сајтовите на ПИНА и ИФФС.
Тим на pina.mk:
Уредничка и новинарка: Кристина Озимец
Петре Димитров – новинар
Заменик уредник на Програма за млади новинари: Мартин Колоски
Љубица Иванова, новинарка, учесничка во Програма за млади новинари
Кико Трајчов – новинар, учесник во Програма за млади новинари
Маја Терзиова – новинарка, учесничка во Програма за млади новинари
Даниел Василев – новинар, учесник во Програма за млади новинари
На pina.mk со медиумски содржини придонесуваат и учесниците во Програмата за жени новинарки, како и од Програмата за мобилно новинарство и Програмата за менторска поддршка на млади новинари на ПИНА.
ПИНА е отворена за соработка со сите заинтересирани новинари на домашната медиумска сцена.