Медиумски Фестивал Скопје [МФС]

ПИНА како еден од своите главни продукти во ноември 2017 го лансираше Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје (ИФФС), неколкудневен медиумски настан кој за прв пат се одржа во Македонија, подоцна ребрендиран во Медиумски фестивал Скопје.

Оттогаш се одржаа седум изданија на фестивалот, а во тек е и подготовката на осмото издание. Секоја година нудиме богата фестивалска програма која е поделена во два сегменти, со филмови посветени на истражувачкото новинарство и други медиумски трендови, како и бројни дебати, работилници и говорници од земјава, регионот, Европа и пошироко кои се фокусираат на разни актуелни теми од областа на новинарството и медиумите.

Програмата и концептот кои ПИНА ги подготви досега за сите фестивалски изданија може да се погледнат на веб сајтот на фестивалот – mfs.mk.

Посетителите на настанот секоја година можат да изберат да погледнат филмски проекции, панел дискусии, работилници и разговори фокусирани на влијанието на истражувачкото новинарство и медиумите во општеството, но и на други новинарски прашања и предизвици, како и нови трендови во медиумскиот свет.

Досега, ПИНА и Медиумски Фестивал Скопје беа домаќини на преку стотина говорници од САД, Европа, регионот и домашната медиумска сцена кои говорат за најсовремените трендови во новинарството и медиумите.

Медиумскиот Фестивал Скопје е исто така настан каде, новинарите, филмските и медиумските професионалци и други ентузијасти од регионот и пошироко, можат да се поврзат и да развијат идни приказни и филмови. Фестивалот исто така се стреми да ја едуцира и информира публиката за новите трендови на светската медиумска сцена и има огромно влијание и придонес во медиумската писменост во земјата. МФС е настан кој нуди пристап до иновации и секогаш се стреми да ги презентира најновите и иновативни трендови во новинарството.

Сите фотографии и други содржини од досегашните фестивали во 2017, 2018, 2019 , 2020 и 2021 година се достапни на веб сајтот на фестивалот – mfs.mk.