Проекти

  • Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА како еден од своите главни продукти во ноември 2017-та го лансираше Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје, подоцна ребрендиран во Медиумски Фестивал Скопје – неколкудневен настан кој за прв пат се одржа во Македонија. Програмата на фестивалот e поделена во два сегменти, со филмови посветени на истражувачкото новинарство и други актуелни светски медиумски трендови, како и бројни дебати и говорници од Македонија, регионот, Европа и САД кои се фокусираа на разни актуелни теми од областа на новинарството и медиумите. Медиумски Фестивал Скопје досега се одржа во шест изданија а во тек се подготовките и за седмото фестивалско издание. Медиумски Фестивал Скопје во изминатите години се одржуваше со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје, Холандска Амбасада Скопје, УНХЦР Скопје и Фондацијата Civil Rights Defenders, а од 2023-та година фестивалот се одржува со поддршка и на National Endowment for Democracy.
  • ПИНА го спроведe проектот „Жени новинарки за посилно граѓанско општество“ кој е поддржан од програмата Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Во рамки на проектот се формираше првата Програмата за жени новинарки која нуди два модули – за мобилно и мултимедијално новинарство во кои новинарките се стекнуваат со иновативни новинарски вештини и работат на значајни граѓански теми.
  • ПИНА го спроведе проектот „Преку мобилно новинарство до зголемување на медиумската писменост“. Проектот се реализира со поддршка од грант-програмата на проектот „Медиумите за граѓаните – граѓаните за медиумите“, финансиран од Европската Унија. Во рамки на проектот ПИНА ја основаше Програмата за мобилно новинарство која нуди обуки, менторски процес и пракса на учење на мобилно новинарство и работа на разни новинарски стории преку мобилни видеа.
  • ПИНА е партнер во „Мрежата на млади новинари“, проект кој го спроведува организацијата „Демокраси Лаб“, поддржан од Американската амбасада во Скопје каде младите новинари добиваат тренинзи во текот на целата година посветени на најсовремените новинарски техники, во соработка со домашни и американски новинари.
  • Организацијата ПИНА го спроведува проектот ,,Независни новинари за развој на професионална медиумска средина“ поддржан од фондацијата Civil Rights Defenders. Проектот е фокусиран на развој на професионална медиумска средина преку поддршка и менторство на млади новинари, како и изработка на важни теми за граѓанското општество на нашиот непрофитен медиум – PINA.mk.
  • Организацијата ПИНА го спроведува проектот “Promoting Accountability through Independent Journalism”, поддржан од National Endowment for Democracy. Во рамки на проектот се поддржани двете програми на ПИНА – Програмата за жени новинари и Програмата за менторска поддршка на млади новинари, како и Медиумскиот фестивал Скопје. Преку активностите ПИНА работи на обезбедување на менторска поддршка за различни групи на новинари кои работат на новинарски производи од областа на доброто владеење, транспарентноста и отчетноста на институциите, корупцијата итн.

ПИНА исто така активно учествува како партнер во други проекти фокусирани на развој на новинарството, слободата на медиуми и медиумската писменост.