Фики Гаспар е еден од борците за решавање на проблемите на лицата болни од цистична фиброза. Тој во интервју за ПИНА вели дека е потребно системско решение за обезбедување на лекот Трикафта. Преку апели до надлежните за современа терапија за пациентите со оваа дијагноза, освен за важноста за борба со болеста секогаш говори и за тоа колку доаѓањето на лекот во Македонија е важен за менталното здравје не само на болните туку и на нивните семејства.
Авторка: Маја Терзиова
- Видеото е изработено во рамки на Програмата за млади новинари на ПИНА