Наумовска: Семејството и училиштето се од големо значење за спречување булинг

0
55

Насилното однесување помеѓу младите, препознавањето на булингот, превенцијата, справување со последиците се теми за кои разговаравме со Славица Наумовска која 30 години работи како психолог и психотерапевт.

Според Наумовска, булингот претставува асоцијално однесување во чија основа лежи негативниот асоцијален мотив на агресивност што се остварува во контактите со другите луѓе, изразен преку неразбирање, непријателство, себичност, агресија преку физички и психички напад на другите луѓе, со обид да им се нанесе болка, и тоа може да влијае на физичкото и емоционалното здравје, како краткорочно, така и подоцна во животот.

„Тоа може да доведе до физички последици, социјални, емоционални проблеми. Адолесцентната популација која психолошки созрева/развива, има значајни промени  во овој динамички развој. Во адолесцентниот период на биолошко, психолошко и социјално созревање, во создавањето своја личност или својот идентитет, постојат фрустративни ситуации кои предизвикуваат насилно/агресивно однесување, кое навремено треба  да се детектираа и превенира,“ вели Наумовска во разговорот за pina.mk

Кои фактори влијаат врз тоа, младите насилно да се однесуваат кон своите врсници во училиште, во друштво, во околината каде што живеат? Што го поттикнува насилничкото однесување кај нив?

Во изградувањето на личноста како социјална или асоцијална личност, со усвоени позитивни или негативни поведенија зависи во голема мера од семејството од аспект на неговата структура од неговата комплетност или неговата некомплетност. Во остварувањето на функциите на семејството се врзани и многу други фактори од општествено-економска, социо-психолошка, социо-културна природа, кои го овозможуваат или попречуваат правилното функционирање на семејството. Како многу важна компонента со големо значење во современите услови на  функционирање на семејството е правилното воспитување. Се додека неправилното воспитување на членовите на семејството доведуваат до фрустрации што може да доведат до негативни поведенија.

Семејството треба да обезбеди нормални услови за псхичкиот развој на децата, проследени со емоционална топлина, срдечност, разбирање, искреност и почитување меѓу членовите на семејството, кои се од голема важност за психо-емоционален, ментален и социјален развој на младата личност. Во рамките на семејството, родителот да има подеднаков треман кон децата, за да не дојде до судир меѓу нив во однос на нивната полжба, здравствена, хигиенска и едукациона. Во спротивно неподеднаквиот третман, критиката, казнувањето, отсуството на пофалбата за позитивни постигнувања и успех, поставување на високи цели и очекувања од нив, кои се повисоки од нивните капацитети и несоодветна комуникација и интеракција, може да создаде фрустрирачки моменти проследени со: зголемена потреба за внимание, завист, љубомора, лутина, гнев, омраза и насилно однесување.

Адолесцентот наидува и на потешкотии во вклучувањето и приспособувањето во социјалната средина, потешкотии во односите и контактите со врсниците-да биде игнориран или исклучен од групата. Но, потребата за внимание, желбата за контрола, за моќ на другите, односно покажување на доминантност пред другите, се манифестираат преку негативни поведенија на празнење на инаетот и тврдоглавоста проследени со раздразливост, лутина и бес – докажување на сила на лица и објекти кои не се причинители на ваквите поведенија. Како поттикнувач на насилничкото однесување кај младата популација не може да се заобиколи и некогаш лошото влијание на електронските медиуми-онлај/интернет и социјалните мрежи.

На кои начин може да се спречи насилното донесување меѓу младите?

Спречувањето и искоренувањето на агресивното однесување и секаков вид на насилно однесување, особено врсничкото насилство од училиштата е долг процес, кој бара голема посветеност од страна на наставниците, родителите и стручните служби во училиштата и во институциите. Предизвикот е пред се многу важен за да се подигне свеста за сериозноста и последиците на ваквата појава. Особено е важно кај инволвираните во воспитно–образовниот процес да го препознават агресивното однесување и формите на насилство, особено ако се работи за емоционално и физичко малтретирање и превземањето навремена иницијатива за превенција и анулирање на агресивното оснесување, изразено преку различни форми ( вербално, физичко, психичко, социјално и сајбер насилство).

Дали сметате дека во најголем дел од случаите на насилство, имаме задоцнета институционална реакција во превенција на таквиот тип на насилство?

Каква ќе биде институционална реакција во превенција на насилство во голема мера зависи од навременоста/ненаавременоста во примената на механизми на пријавување и понатамошната вклученост, соработка и поддршка на инволвираните страни во понатамошниот процес на превенирање во рамките на институцијата која има надлежност и ингеренции да постапува.

Дали е потребна едукација на наставниците за навремено да препознаат булинг помеѓу учениците, и соодветно да реагираат?

Наставникот без сомнение има најзначајна улога кој го организира и го води наставниот процес односно – процесот на учење на учениците, и воедно ги реализира и имплементираните содржини од програмите и правилниците за безбедност на учениците, заштита и унапредување на здравјето на ученицте, инклузија – почитување на различностите, мулти етничката интеграција.

Едукацијата на наставниците постојано е во континуитет со нивно вклучување во обуки-организирани од проекти за превенција и справување со насилство во училиштата и говорот на омраза, реализирање на работилници за толеранција и почитување, дебати и трибини. Педагошката пракса и искуство кај наставниците овозможува да препознаат нетипично однесување и форма на насилство (во училница, училишен ходник и училишен двор), запознати се со протоколот и механизмите за пријавување и понатамошните активности и мерки кои треба да бидат проследени и  превземени од страна на класен раководител, стручната служба, родителите по потреба и надворешна релевнта устанува.

Колку во превенцијата е важна спрегата родител-наставник-педагошко психолошка служба на училиштата?

Функционалноста на двата фактори семејство и училиште е во спрега и е од големо значење за превенција и анулирање на појавата на насилство, особено на врсничкото насилство. Навремената и блиската соработка за превенција на родител-училиште-стручна служба е од особен интерес на ученикот (насилната личност или личноста која доживеала насилсво од било која форма). Стучната служба треба да се доживува како безбедно место, односно зона на доверливост, сигурност и безбедност, служба која со својата професионална екипираност реагира и  нуди помош.

Имајќи предвид дека 30 години сте психолог каков е трендот, дали насилството помеѓу младите се намалува или зголемува?

Состојбата со насилството во училиштата во последените години е подобрена и е присутно понекогаш, не често. Подобрувањето е пред се заради воведување и примена на голем број активности за превенција од насилство како од самото училиште, така и преку разни проекти во кое е вклучено училиштето. Примената на превентивните програми за толеранција, почитување, инклузија, развивање на вештините за ненасилна комуникација, психоедукативни-работилници за контрола на емоциите и редукција на негативните емоции (лутина, бес, гнев, омраза, љубомора, завист) кои може да бидат штетни по менталното здравје, точното информирање за последиците од насилното поведение кое се санкционира со примена на воспитно педагошки мерки-до исклучување од училиште во текот на учебната година, континуираната соработка со родителите, овозможува несоодветното однесување- независно од формата на насилство (вербално, психичко, социјално,физичко или онлајн насилсво) да се намалува.

Исто така свој придонес за подобрување на состојбата за ненасилно однесување, овозможуваат реализирањето на дежурства на наставниците во училишните ходници за време на одморите и поставениот видео надзор на училишниот двор заради зголемена безбедност на учениците додека се во училиште и доколку се пројави несоодветно однесување има можност за брза интервенција, спречување и превземање на сите механизми за превенција.

Какви последици остава булингот врз младите?

Последиците од булингот може да доведат до психолошки нарушувања и зголемен ризик за нарушување на менталното здравје во вид  на (анксиозност, немир, напнатост, тага, апатија, депресија, бес, раздразливост, хиперсензитивност, чувство на беспомошност, ниска самодоверба, несигурност, безволевост, несоница, губење на апетитот, чувство на вина, интроверзија, губење на интерес за досегашните активности, проблеми при прилагодувањето на училиште, намалување на училишната/работната ефикасност, промени со помнењето и со концетрацијта, нејаснотии и конфузност во мисловниот процес, променливост во расположението), кои можат да бидат краткотрајни или долгорочни.

На кој начин може да им се помогне на жртвите на булинг?

Со навремено детектирање на причините за aгресивните реакции и навремено превенирање кај жртвите на булунг, би дошло до надминување на психолошките потешкотии кај адолесцентите. Надминувањето на aгресивните реакции имаат неколку цели: намалување на опасноста од надворешната средина и зголемување шансите за закрепнување, толеранција и приспособување на индивидуата на негативните настани во околината, одржување на позитивна слика за себе, одржување на емоционална стабилност и одржување на адекватни релации на поединецот со другите луѓе, подобро осамостојување и поттикнување на чувството на самоефикасност во решавањето на психолошките проблеми со индивидуална психолошка поддршка и поддршка од семејството во процесот на закрепнување.

Ученикот кој е жртва на булинг, каде треба да се обрати за помош?                 

Ученикот кој е жртва на булинг за помош се обраќа до сручната служба на училиштето за психолошка поддршка и советување, се реализира соработка во континуитет со родителите и други членови на семејството, класен раководител, наставници, соученици. Понатамошна соработка може да продолжи да се реализира во релевантни установи кои сручно  делуваат  врз закрепнувањето на жртвата на булинг.

Авторка: Силвана Жежова