Почетна Вести Успешно реализирана обуката „Новинарство и алгоритми: предизвици, решенија и дигитални алатки“

Успешно реализирана обуката „Новинарство и алгоритми: предизвици, решенија и дигитални алатки“

0
2
Фото: ПИНА

На 13 јуни 2026 година, во Јавна соба во Скопје, ПИНА успешно ја реализираше обуката „Новинарство и алгоритми: предизвици, решенија и дигитални алатки“.

Обуката ја водеше Зоран Ричлиев од Фондацијата Метаморфозис, долгогодишен експерт во областа на дигиталните медиуми, кој ги сподели своите знаења и искуства за влијанието на алгоритмите врз новинарството, актуелните предизвици во дигиталната средина и алатките што можат да им помогнат на медиумските професионалци во нивната секојдневна работа.

Фото: ПИНА

Преку интерактивни дискусии и практични примери, учесничките имаа можност да истражат како алгоритамските системи ги обликуваат тековите на информации, влијаат врз ангажманот на публиката и ги менуваат новинарските практики. Обуката, исто така, овозможи простор за разговор за одговорниот пристап кон дигиталните технологии и за променливата улога на новинарите во сè поавтоматизираниот медиумски пејзаж.

Фото: ПИНА
Фото: ПИНА

Оваа обука беше реализирана во рамките на проектот „Зајакнување на младите новинар(к)и и новинарките за медиумската писменост, одговорната употреба на вештачка интелигенција и новинарството насочено кон решенија“, што го спроведува Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА Скопје.

Проектот „Зајакнување на младите новинар(к)и и новинарките за медиумската писменост, одговорната употреба на вештачка интелигенција и новинарството насочено кон решенија“, што го спроведува Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА Скопје, е поддржан во рамките на пошироката програма „MedIA-Lit“, предводена од Центарот за граѓанско образование (CCE/CGO) во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија (HCHRS), Хелсиншкиот комитет за човекови права во Северна Македонија (MHC), Центарот за новинарска извонредност во Тирана (TCJE) од Албанија и Атлантската иницијатива (AI) од Босна и Херцеговина, со финансиска поддршка од Европската Унија и кофинансирање од Министерството за регионален инвестициски развој и соработка со невладини организации на Владата на Црна Гора.