Во пресрет на Медиумскиот фестивал Скопје, Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА спроведува онлајн анкета која има за цел да ги истражи навиките на граѓаните во однос на информирањето, медиумите што ги следат, довербата во новинарството и нивните ставови за актуелните предизвици во медиумскиот простор, вклучувајќи ги дезинформациите и точноста на објавените информации.
Во време кога секојдневно сме изложени на голем број информации од различни извори, медиумите и новинарството имаат важна улога во начинот на кој ги разбираме случувањата околу нас и ја формираме сопствената слика за светот. Вашите одговори ќе придонесат за подобро разбирање на односот меѓу јавноста, медиумите и новинарството денес.
Анкетата е анонимна, а пополнувањето трае околу 3 минути.
Линк до анкетата: https://forms.gle/4UMHDyQbCmDe5GYm8
Ви благодариме за учеството!





