ПИНА заедно со Истражувачкиот филмски фестивал Скопје ви овозможува да го погледнете филмот ,,Пештерата”. 🎬 Филмот е веќе достапен за бесплатно гледање онлајн со превод на македонски јазик, на следниот линк.
Филмот за јавноста ќе биде достапен за гледање до 4-ти јануари до 12 часот на пладне.
Филмот е на Ферас Фејад, кој беше номиниран за Оскар за филмот „Последниот човек во Алепо“ (Last Men in Aleppo), со бестрашната приказна од војната во Сирија, кој носи нова моќна приказна преку новиот документарец – Пештерата (The Cave).
Надежта и безбедноста за цивилите под опсада лежи во подземната болница позната како Пештерата, каде д-р Амани Балур, лекар и педијатар, со своите колешки Самахер и д-р Ала, работат рамо до рамо со машките колеги, на начин кој е незамислив во угнетувачката патријархална средина која постои надземи. Следејќи ги жените во нивното секојдневно справување со бомбардирања, постојани недостатоци на залихи и сеприсутната закана од хемиски напади, Пештерата портретира храброст, отпорност и женска солидарност.
Краткото видео (trailer) за документарецот може да го погледнете на следниот линк.
Доколку сакате да се потсетите за тоа како да се логирате на платформата за филмови, прочитајте го упатството на линкот во продолжение.
Овој дел од фестивалот во организација на ПИНА е поддржан од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје.