Почетна Вести Успешно реализирана обуката „Медиумска писменост и одговорна употреба на вештачка интелигенција во...

Успешно реализирана обуката „Медиумска писменост и одговорна употреба на вештачка интелигенција во новинарството“

0
26
Фото: ПИНА

На 20 јуни 2026 година, Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА успешно ја реализираше обуката „Медиумска писменост и одговорна употреба на вештачка интелигенција во новинарството“.

Обуката ја водеше Бојан Стојковски, фриленс новинар и главен уредник на IT.mk и неговото регионално издание IT Logs, кој повеќе од една деценија обработува теми од областа на технологијата и бизнисот во земјите од Западен Балкан, како и во Централна и Источна Европа.

Стојковски сподели знаења и практични искуства за примената, придобивките, но и предизвиците што ги носи вештачката интелигенција во редакциите.

Фото: ПИНА

Преку интерактивна дискусија и размена на искуства, учесниците разговараа за начините на кои ја користат вештачката интелигенција во својата секојдневна работа, како и за предизвиците со кои се соочуваат при нејзината примена. Посебен акцент беше ставен на препознавањето на содржини генерирани со вештачка интелигенција, проверката на сомнителни објави на социјалните мрежи и во медиумите, како и на важноста од критичко оценување на информациите. Обуката отвори простор и за дискусија за етичката и одговорна употреба на новите технологии, како и за заштитата на новинарите и публиката од потенцијалните ризици и штетни влијанија во дигиталната средина.

Фото: ПИНА
Фото: ПИНА
Фото: ПИНА
Фото: ПИНА

Оваа работилница се реализираше во рамките на проектот „Зајакнување на младите новинар(к)и и новинарките за медиумската писменост, одговорната употреба на вештачка интелигенција и новинарството насочено кон решенија“, што го спроведува Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА Скопје.

Проектот е поддржан во рамките на пошироката програма „MedIA-Lit“, предводена од Центарот за граѓанско образование (CCE/CGO) во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија (HCHRS), Хелсиншкиот комитет за човекови права во Северна Македонија (MHC), Центарот за новинарска извонредност во Тирана (TCJE) од Албанија и Атлантската иницијатива (AI) од Босна и Херцеговина, со финансиска поддршка од Европската Унија и кофинансирање од Министерството за регионален инвестициски развој и соработка со невладини организации на Владата на Црна Гора.

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.