Македонија оди на „Евровизија 2018“

0
372

Евровизија ќе се одржи на 8 и 10 мај во Лисабон, Португалија, а големото финале ќе се случи на 12 мај. 

Македонија ќе учествува на Изборот за песна на „Евровизија“ следната година во Лисабон, Португалија. Европската радиодифузна унија (ЕБУ), ја објави листата на учесници, а меѓу 43-те земји учеснички сме и ние. Поради долгот на МРТ, кон ЕБУ во опасност беше учеството на Македонија на ова музичко натпреварување. Но, спорот е решен после успешните преговори помеѓу нашата и Португалската радио-телевизија. Нема официјални податоци дали МРТ го платила долгот.

ЕБУ претходно соопшти дека МРТ е оневозможена да учествува на изборот за песна „Евровизија 2018“ поради санкција за неплатен долг. Тие објавија листа на учесници меѓу кои не беше Македонија, а од ЕБУ изјавија дека се бара решение за спорот.

Евровизија ќе се одржи на 8 и 10 мај во Лисабон, Португалија, а големото финале ќе се случи на 12 мај.

ПИНА објави дека МРТ веќе не може да ги користи услугите на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) поради неплатен долг. Извор од програмскиот совет на МРТ, кој сакаше да остане анонимен, за ПИНА откри дека долгот надминува 500.000 евра. Ова можеби изгледа ситно во споредба со огромниот долг што националниот сервис го има натрупано низ годиниве, а кој е поголем од вкупните годишни приходи на телевизијата. На крајот на 2016 година, МРТ имала приходи од 19,3 милиони евра, а вкупниот долг натрупан со години кон домашни и странски доверители бил 21,8 милиони евра.