Отворен повик за втората Програма за млади новинари во ПИНА

0
480

Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА објавува повик за пријавување на млади новинари кои би сакале да станат дел од втората Програма за млади новинари во ПИНА со фокус на добро владеење.

Избраните кандидати ќе им се придружат на групата од десетина млади новинари кои веќе соработуваат со ПИНА во изминатиот период. Програмата за млади новинари има за цел да понуди неформална едукација, долгорочни менторства и пракса за млади новинари, со вклучена платена практична работа на новинарски продукти кои ќе ги изработуваат новинарите. Присуството на едукативните активности кои се дел од Програмата се задолжителни за избраните кандидати. Темите на кои ќе се посветат новинарите се поврзани со доброто владеење, транспарентноста и отчетноста на институциите, корупцијата итн.

За таа цел се бара пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

* Да се млади новинари и да имаат интерес за учење и напредок во сферата на медиумите и новинарството.

* Да се стремат да работат според највисоки етички и професионални новинарски стандарди.

* Да се креативни и посветени во работата и создавањето на финалните продукти.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со краток опис (неколку реченици) со што би сакале да придонесат во програмата, може да ги достават на info@pina.mk, со назнака ,,Повик за млади новинари”. Доколку заинтересираните апликанти имаат  дополнителни прашања за повикот, може да ги пратат на мејлот на ПИНА наведен погоре. Рокот за аплицирање е до 25- ти февруари.

Програмата за млади новинари е дел од проектот на ПИНА насловен “Promoting Accountability through Independent Journalism”, поддржан од National Endowment for democracy.