Сметам дека прво треба да се постават стандарди за квалитет при избор на судиите, односно сите оние кандидати кои успешно ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители, кои покажале најдобри резултати, да бидат избрани за вршење на судиската функција. А потоа откако ќе бидат избрани да се следи нивното работење и резултатите кои ќе ги покажат да бидат единствениот критериум од кој ќе зависи нивното натамошно унапредување, вели Лејла Тутиќ, Коалиција ,,Сите за правично судење“ во интервју за ПИНА кое може да го погледнете во продолжение.
Авторка: Ивана Крстеска Јаневска
- Видеото е изработено во рамки на Програмата за млади новинари на ПИНА