Повик за волонтери на Медиумски Фестивал Скопје 2023

0
204

ПИНА објавува повик за волонтери на седмото издание на Медиумски Фестивал Скопје (МФС) кое ќе се одржи од 21 до 23 ноември во Кинотека на Македонија.

Фокусот на овогодишното издание е корупцијата и улогата на медиумите во вечната антикорупциска борба.

Истовремено, ПИНА како и секоја година на фестивалот повторно дава значаен простор за теми посветени на младите новинари и жените новинари, како и други важни прашања за медиумите. Ќе бидат одржани бројни дискусии, работилници, филмови и други настани посветени на разни теми важни за новинарството и граѓанското општество.

Волонтерите ќе помагаат во организацијата и логистичката поддршка на настаните на фестивалот кои ќе се одржуваат во живо во Кинотека и во Котур кафе. Сите заинтересирани потребно е да се пријават на мејл адресите info@pina.mk и petrusevska@gmail.com со наслов на мејл „Повик за волонтери“, заклучно со 12 ноември.

Пожелно е да напоменат и неколку реченици со опис на активностите во кои би сакале да бидат вклучени. За избраните волонтери ќе биде обезбеден и надомест од 50 долари бруто.