Дискусија: Безбедноста на новинарките и предизвиците со кои се соочуваат

0
95

Во организација на ПИНА и Медиумски Фестивал Скопје постфестивалски вечерва се одржа уште една важна дискусија за новинарките на домашната медиумска сцена која беше посветена на безбедноста и предизвиците со кои се соочуваат тие.

На дискусијата која се пренесуваше преку Фејсбук страницата на ПИНА говореа новинарките Мирослава Брнс од „Слободен Печат“ и Ферикан Илјази од „Евроњуз Албанија“, додека модераторка на дискусијата беше новинарката Мери Јордановска од „А1он“.

Во меѓувреме, на веб-страницата на Медиумскиот Фестивал Скопје може да се погледне документарецот „A thousand cuts“ за новинарката Мариа Реса која е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2021 година.

Дискусијата може да се проследи на видеото подолу.