Организацијата „Демокраси Лаб“ отвори повик за учество во „Мрежата на млади новинари“, која има за цел да изгради капацитети на млади новинари во процесот на собирање вести и известување преку едногодишна серија на професионални обуки и можности за практикантска работа.
Оттаму велат дека мрежата исто така има за цел да создаде и одржи мрежа на млади, независни новинари, посветени на принципите на етичко и независно новинарство. Дополнително, најавуваат дека обучувачи ќе бидат меѓународни и локални експерти.
Темите ќе вклучуваат:
1. Улогата на новинарството во демократското општество и етичкото новинарство;
2. Алатки и платформи за дигитални медиуми.
3. Дигитална безбедност
4. Дата новинарство
5. Техники на истражувачкото известување.
6. Работа со владини институции.
7. Комуникациски вештини и вмрежување и соработка.
На повикот може да аплицираат:
● Тековни студенти и неодамна дипломирани студенти во различни студиски програми на возраст од 20-35 години.
● Луѓе кои покажуваат мотивација за кариера во новинарството.
● Луѓе кои имаат каква било позадина во новинарството (студии или искуство).
● Луѓе кои имаат докажани вештини на англиски јазик.
● Луѓе кои имаат вештини за пишување или какво било искуство со пишување.
● Луѓе кои имаат добри комуникациски вештини.
По завршувањето на обуките, програмата ќе продолжи да обезбедува насока за учесниците преку нудење можност за стажирање во партнерство со независни медиуми во земјава, како и пристап до независната медиумска платформа – Платформа за истражувачко новинарство и анализи ПИНА, за „Мрежата на млади новинари“ да ја објавуваат својата работа.
Крајниот рок за аплицирање е на 30 октомври, на полноќ, а заинтересираните кандидати може да се пријават на следниов ЛИНК.