Осмиот Медиумски фестивал Скопје од 26 до 28 ноември ќе се одржи во мултимедијалниот простор Котур, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА. Оваа година, фестивалот е посветен на основната градбена клетка на новинарството – локалното известување.
Фестивалот ќе започне со дискусија на тема „Моќта на локалните гласови и новинарството на локално ниво“, каде што ќе се разгледаат предизвиците и улогата на локалните медиумски работници, како и проблемите со кои тие се соочуваат.
Филмската програма ја отвораат документарците „За весникот” на добитничката на наградата „Еми“, Хедер Кортни, и „Лош печат”, прекучии примери се отсликува судбината на безброј локални весници ширум светот. На вториот фестивалски ден ќе се прикажат „Залутани тела”, за принудниот т.н. медицински туризам во Европа и „Небото над Зеница” за погубното загадување во Босна. Фестивалот го затвора „Промена навестите”, за дигитална платформа создадена како обид да се разбие едноличната машка доминација во редакциите во САД.
МФС традиционално ги разгледува предизвиците со кои се соочуваат жените во медиумската сфера во Македонија, годинава преку дискусија за солидарноста и градењето заедница меѓу жените во медиумите.
Третиот фестивалски ден е фокусиран на учеството на младите во медиумите, започнувајќи со работилница за фотоновинарство каде на младите новинари ќе им биде претставена моќта на визуелните приказни. А дискусија за како да се поттикне вклучување на младите во новинарската професија ќе следи веднаш по прикажувањето на два кратки документарни филма изработени во рамки на Програмата за млади новинари на ПИНА.
Како и секогаш, фестивалските содржини се бесплатни.
Целосната програма за осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје може да се погледне на веб страната www.mfs.mk.