[Видео] Панамските документи ја променија новинарската работа

0
152

Во саботата на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје се одржа дебатата посветена на „Панамските документи“, серијалот на истражувачки стории објавени од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари која ја освои Пулицеровата награда.

Черантола и Бринже разговараа на посебна панел-дискусија за „Панамските документи“ модерирана од новинарката Кристина Озимец.

Дебатата на која беа Алесија Черантола и Беноа Бринже, истражувачки новинари кои беа дел од тимот репортери што работеше на сториите, се случи токму во деновите кога Конзорциумот го објави последното големо истражување – „Рајски документи“. Новинарската истрага и новите документи откриваат бројни познати јавни личности, политичари и корпорации кои ги криеле своите пари и компании во офшор даночните оази за да избегнат плаќање на даноци или да го скријат потеклото на своите компании.

Бринже истакна дека оваа голема истрага под капата на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) го сменила начинот на работа на кој новинарите пристапуваат кон одредена тема работејќи како дел дел од огромен тим заедно со колеги од целиот свет.

Черантола зборуваше за процесот како ги добиле документите, како пристапувале до дата-базата и како сите новинари имале пристап до сите документи.

Во прилог погледнете ја целата дебата на која се разговараше за „Панамските документи“ како и криењето пари и компании во даночните оази.