Вториот ден на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје се одржа регионален ден на кој се случи и дебата за ситуацијата со истражувачкото новинарство во регионот и беа прикажани повеќе филмови од новинари и режисери од регионот.
Дебатата ја водеше македонската новинарка Снежана Лупевска, а на неа беа присутни повеќе новинари од балканските земји меѓу кои и Алиса Муслиу од Албанија, Блаж Згага од Словенија, Мери Јордановска и Милка Смилевска од Македонија, Парим Олури од Косово, Милица Војиновиќ од Србија и Дарио Јуричан од Хрватска.
Погледнете ја целата дебата на која се разговараше за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат истражувачките новинари во регионот.