Дискусија: Медиумско покривање на бегалци и лица без државјанство

0
149
Кристина Озимец (ПИНА) разговараше со Соња Делевска (sakamdakazham.mk) и Марија Севриева (vidivaka.mk)за медиумскиот третман кон бегалците и лицата без државјанство.
Азилантите и лицата без државјанство се оставени на немилоста на крутите закони, осудени на талкање по бирократските лавиринти, честопати и со трагичен крај. Новинарките зборуваа за нивните заложби да се сврти вниманието на јавноста кон овие сериозни проблеми, но за жал и покрај ова, медиумите се немоќни во отсуство на системски промени.