Режисерката Ефје Бланкеворт зборуваше за трансмедијалниот проект „Игра со сенки“, чиј главен елемент е истоимениот документарен филм кој е дел од
бесплатната филмска програма на Медиумскиот фестивал Скопје.
Во разговорот со Марина Лазаревска од ПИНА, Бланкеворт истакна дека иако филмот обработува особено тешка тема, нивната намера е да ја прикажат голготата низ која минуваат малолетните бегалци, без да произведат уште една мрачна, тажна приказна на стереотипен начин.
За среќа, сите учесници чие патешествие го гледаме во „Игра на сенки“ успеале да ја остварат целта и дел од нив веќе се во училиштата во Европа, продолжувајќи го образованието по неколкугодишен измачувачки прекин.
Сега Бланкеворт и останатите од екипата се обидуваат да им го олеснат патот и на останатите деца-бегалци, а гледачите може да помогнат преку
донации и свој потпис на петицијата
„Заштитете ги децата во движење“.