Дел од програмата на МФС е бесплатната онлајн работилница за продуцирање поткасти која ќе се одржи во четврток, 7 октомври, од 14 часот.
Работилницата ќе се одржува на англиски јазик, а ќе ја води германската новинарка Сузане Клингнер, соосновачка на Hauseins каде од 2017 година се снимаат поткасти на најразлични теми поврзани со култура, економија, политика.
„Секој има поткаст!“ е главна финта последниве неколку години. Но, дали имаш и ти? Ако размислуваш да започнеш свое шоу, но уште се двоумиш, тогаш оваа работилница е за тебе!
Овде Сузане ќе ги помине основите за продуцирање поткаст: како се развива (твојот) совршен формат, која опрема да се користи, зошто и како се монтира, каде да се објави, како да се привлече публиката, како се заработува.
Поткастите се одлична можност да се отворат прашања што се помалку застапени во мејнстрим медиумите, а со оваа работилница може да ги направиш првите чекори кон сопствена програма.
Секој што сака да ја следи работилницата треба само да се пријави со мејл на petrusevska@gmail.com. Пријавените учесници ќе добијат линк за следење на работилницата.