Состојбата на жените во медиумската фела сè уште е на незавидно ниво, тоа го покажува и зголемениот број на вербални и онлајн напади кон новинарките. За само седум месеци годинава беа регистрирани 13 напади, од кои осум се упатени кон новинарки. Ивана Настеска разговараше со новинарките Тамара Чаусидис, Маја Јовановска и Југослава Дуковска за притисоците од бизнис-политичката сфера кон новинарите и обидите одредени теми да не излезат во јавноста. Нова дискусија на Програмата за новинарки на ПИНА за предизвиците на новинарките во земјата.