Јетон Мазлами, Професор на Факултетот за бизнис и економија на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во интервју за ПИНА говори за онлајн и комбинираната настава и за дополнителните напори кои ги презема неговиот универзитет за да се прилагодат на новиот начин на настава во време на Ковид 19. Министерството за образование и наука, особено во основното и средното образование, треба да дејствува повнимателно и да им претходи на проблемите а не да чекори заедно со проблемите, вели Мазлами за ПИНА.
Дали мислите дека вработените во училиштата и универзитетите во земјава се подготвени за учење од далечина?
Што се однесува до другите образовни институции од различни нивоа, мислам дека новонастанатата ситуација како последица на КОВИД-19 ги затече неподготвени за продолжување на наставата и учењето. Во најнеповолна ситуација мислам дека се најдоа наставниците од основните училишта кои немале можности да применуваат ИТ технологија за учење од далечина. Тука треба да се додаде и несоодветната поддршка од Министерството за образование и наука во правец на непречено одвивање на овој сложен процес.
Како се развиваат онлајн предавањата и кои се проблемите со кои се соочуваат учениците и професорите?
Предавањата на Факултетот за бизнис и економиjа при УЈИЕ се реализирани преку платформите на Гугл. Проблемите можат да се поделат на две групи: техничко-технолошки и субјективни-психолошки. Кај предавачите на ЈИЕУ не наидуваме на проблеми од првата група, туку само од втората. Значи, недостатокот на знаења и вештини за користење на компјутерската опрема од постарите генерации како и аспектот на психичкиот товар од домашниот карантин. Што се однесува до студентите, може да кажам дека имавме доста коректна и активна соработка. Денешните студенти се карактеризираат со значително знаење на ИТ и современите технологии и се спремни за нови форми на соработка. И кај нив, единствениот проблем беше психолошкиот аспект на карантинот и заклучувањето дома.
Која платформа ја користите и дали мислите дека е лесна за користење дури и од професори со помалку искуство и оние кои се повозрасни?
Во УЈИЕ функционираше дигиталниот систем на соработка меѓу професорскиот кадар и студентите, како во така и надвор од универзитетот. Веќе подолго од 5 години ја користиме платформата Google Classroom како многу добра основа за комуникација, соработка, учење и обуки од далечина. Додека во тек на овој период напредувавме со Google Meet како платформа за онлајн настава со студентите. Јас користев и други помошни платформи како Прези и Екзам.нет (Exam.net). Како што споменав погоре, повозрасните вработени првично наидоа на проблеми од природата на ИТ (техничко) знаење и вештини, но за кратко време, со поддршка на ИТ канцеларијата и канцеларијата за учење од далечина, овие проблеми беа надминати.
Колку е тешко да се управува една училница од далечина посебно имајќи предвид и товарот на спроведувањето на оценување преку интернет?
Управувањето со училницата – виртуелната настава претставуваше нов предизвик што го принуди наставникот/професорот да развие нови форми на соработка што ќе ги направи љубопитни да присуствуваат на предавања и вежби. Во меѓувреме, понудата на нови можности за предавања почнаа да стануваат привлечни за студентите и тие почнаа да го прифаќаат како комуникативен стандард (на пр. студии на случаи, квизови, задачи во тек на предавањата и домашни задачи). Оценувањето онлајн го спроведов преку платформата Екзам.нет, нудејќи им на студентите протокол на колоквиумите и испитите од ЈИЕУ, дополнет со мојот личен протокол. Убеден сум дека оваа фаза ја менаџиравме со голем успех.
Дали пандемијата заедно со учењето од далечина влијае на квалитетот на учењето?
Пандемијата КОВИД-19 влијаеше психолошки како врз студентите така и врз предавачите. Што се однесува до мене, земам за право да кажам и за моите колеги од УЈИЕ, дека посветеноста и ангажманот беа многу поголеми отколку за време на традиционалното предавање. Вреди да се напомене дека квалитетот на учењето зависи од многу фактори. Како прво, посветеноста и условите-околностите за посетување на предавања од страна на студенти (треба да се има предвид дека не сите студенти имаат посебни простории за студирање-посета на предавања), како и технолошка опрема (телефон, компјутер или личен лаптоп). Второ е ИТ платформата и заложбата на професорот да ги охрабри студентите да бидат активни-онлајн.
Со оглед на тоа што ситуацијата сè уште не е балансирана и работите можат многу брзо да се променат, дали вашиот универзитет планира да ги отвори вратите за студентите во следната академска година?
Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се прилагоди на промените предизвикани од пандемијата КОВИД-19 и ги отвори своите врати за привлекување нови студенти (бруцоши). УЈИЕ, како и секогаш, беше водач на реформите во високото образование во Република Северна Македонија а и во овој случај ги исполни условите утврдени со протоколот на МОН.
Што мислите, што треба да направат надлежните органи за да можат да одговорат на овој итен случај во образованието предизвикан од КОВИД 19?
Министерството за образование треба да дејствува повнимателно и да им претходи на проблемите а не да чекори заедно со проблемите. Ова најмногу се однесува на создавање услови за основното и средното образование. Што се однесува до универзитетите, тие имаат автономија и своја стратегија за развој. Значи, МОН треба да создаде унифицирана платформа за предавања / вежби во секој циклус, но секогаш имајќи ја предвид компатибилноста –подготвеноста на образовните работници за спроведување на овие реформи. Овој процес не е лесен бидејќи МОН мора да ги развива паралелно како ИТ ресурсите, така и обуката на вработените. (очигледно МОН заостанува во овој поглед).
Во последно време видовме дека на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се држеа испити на отворено со клупи поставени така да се почитува социјалното растојание, дали може да споделите неколку совети и да ни кажете како се организиравте за тоа и како помина испитот?
Комбинирано. Спроведувањето на испитите на отворено се примени со строго придржување кон протоколите на МОН и УЈИЕ. Секој студент, од моментот на влегување во кампусот требаше да има заштитна маска и при седнување на клупа требаше да стави и ракавици. Ова менаџирање го осигурува здравјето на студентот и нуди реална можност на оценување на знаењето. Остануваме со надеж дека нашите студенти се задоволни од овие форми и дека ги постигнале нивните цели. Ние сме секогаш горди со нашите студенти.
Автор: Рита Сила
Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.