МФН: Ковид 19 ја зголеми родовата нееднаквост во медиумите

0
145

Повеќе од половина од жените новинарки почувствувале зголемена родова нееднаквост поради Ковид 19, покажува новото истражување на Меѓународната федерација на новинари, меѓу повеќе од 500 жени новинарки во 52 земји.

Најголемата светска организација на професионални новинари и нејзиниот Оддел за родови прашања ги повика сите медиумски организации и синдикати да ја направат родовата еднаквост приоритет во нивниотодговор кон пандемијата и да бараат конкретни чекори за да им овозможат на своите колешки пристојни услови за работа.

Истражувањето на Светската федерација на новинари за ефектите од Ковид 19 врз жените новинарки е спроведено меѓу 19 ти и 30 ти јуни. Повеќе од половина од испитаничките потврдиле дека има пораст на родовите нееднаквости во индустријата, огромни штетни последици врз балансот меѓу работата и приватниот живот (62%), работните обврски (46%) и платите (27%).

Истражувањето направено врз 558 жени новинарки, меѓу кои 66% од нив членки на синдикатот, открива дека како резултат на пандемијата со Ковид 19:

-Повеќе од три четвртини од испитаничките сметаат дека нивото на стрес е зголемено, а како главна причина половина од нив ги навеле зголемениот број на обврски
– Повеќе од половина од испитаничките откриле дека е погодено нивното здравје, што резултирало со проблеми во спиењето кај скоро три четвртини од нив
– На 10 испитани жени новинарки, само 4 од нив потврдиле дека имаат добиено заштитна опрема од нивните работодавци
– Повеќе од половина од нив истакнале дека синдикатите не развиле никави специфични стратегии за справување со родовата нееднаквост за време на пандемијата
– 60 проценти изјавиле дека не им бил обезбеден некаков облик на протокол за далечинско работење

-Повеќе од ¾ од испитаните новинарки изјавиле дека нивото на вознемирување (вклучително и преку интернет) и малтретирање не се зголемило за време на кризата
– Една третина од нив велат дека работеле главно од дома, третина од нив работеле од канцеларија, 15 проценти од нив работеле претежно на терен

Испитаничките навеле различни причини како причината за стрес, работата во изолација, малтретирањето од шефовите, грижа за семејството и домашните школски обврски, тензиите во домот, зголемен обем на работа и вообичаени тесни рокови, долги работни часови, психолошко влијание од ширењето на Ковид 19 и стравот од губење на работа.

Испитаничките дале конкретни препораки за подобрување на протоколите за работа, како што е потребата работодавците да обезбедат соодветна работна опрема, вклучувајќи широк опсег, да го дефинираат работното време и паузите и да ја разберат вистински суштината на работата од дома, додека вработените имаат обврски и кон децата.

Над 2/3 од испитаниците укажале на негативното влијание на намалувањето на финансирањето на медиумите врз родовите стратегии. Повеќето испитаници се согласиле дека најдобрите стратегии за постигнување на родова еднаквсот се од економска природа: повеќе финансии, подобри плати, повеќе можности за напредок во кариерата.