Проверка на информации и идентитети на интернет -пребарување низ галерии и други ресурси

0
180

Cre8ive8 во партнерство со ПИНА во рамки на проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк” ви претставува десет интернет ресурси кои ви помагаат да верификувате информации и идентитети на интернет преку користење разни онлајн алатки.

Временски капсули     

Дали сте чуле за временските капсули на интернет? Овие сервиси ви овозможуваат да посетите интернет страни што веќе ги нема со тоа што чуваат одредени копии од нивното постоење.

Пребарување низ галерии                                                                               

Фото галериите како Пикаса и Фликр во овозможуваат да ги проверите податоците на фотографиите и да утврдите дали некоја фотографија е веродостојна или со истата одредени извори манипулираат, доколку истата се наоѓа на некои од овие сервиси.

Напредни истражувачки алатки за верификација на Pipl 

Интернет пребарувачот и апликацијата на Pipl се корисни механизми за идентификување на лажни профили, измами, проценка на ризици или пак едноставно за верификација на идентите на светско ниво од страна на водечки компании и индивидуални истражувачи.

Фото форензика

Погледнете како сами може да направите основна фото форензика на интернет доколку сакате да дознаете повеќе информации за одредена фотографија објавена на интернет.