Нови 136 случаи на ковид-19, осум лица починаа

0
142

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-80, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-24, Струга-1, Велес-3, Охрид-5, Гостивар-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-4 и Неготино -1.

Починати се осум пациенти, двајца од Скопје, двајца од Куманово, двајца од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево. Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти од: Скопје-26, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-6, Велес-4, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, соопшти Министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57-годишен пациент од Велес. Во ГОБ „8 Септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56 г.) примен на 11 јуни и пациентка (68 г.) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47 г.) примена на 12 јуни и пациентка (59 г.) примена на 14 јуни. Починаа две лица од Тетово, пациент (78 г.) примен вчера и пациентка од (47 г.), хоспитализирана на 22 јуни. Во Општата болница во Битола почина пациент од Кичево (61 г.) хоспитализиран на 21 јуни.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.445, бројката на оздравени пациенти е 2.091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.095. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2667, активни 1785
• Куманово 709, активни 254
• Дебар 83, активни 31
• Штип 277, активни 186
• Прилеп 238, активни 19
• Тетово 582, активни 338
• Струга 182, активни 102
• Велес 172, активни 32
• Битола 43, активни 14
• Охрид 124, активни 104
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 92, активни 53
• Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 13, активни 9
• Крива Паланка 12, активни 6
• Радовиш 4,
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 62, активни 27
• Пробиштип 13, активни 9
• Демир Хисар 1,
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3,
• Делчево 1,
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 17, активни 15
• Кичево 10, активни 6
• Ресен 73, активни 72
• Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 413
• Аеродром – 135
• Бутел – 136
• Гази Баба – 149
• Центар – 127
• Карпош – 124
• Сарај – 141
• Кисела Вода – 101
• Ѓорче Петров – 83
• Студеничани – 89
• Шуто Оризари – 72
• Арачиново – 49
• Илинден – 33
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 3
• Нераспределен-3.