Почетна Вести Повик за учесници во Програма за мобилно новинарство

Повик за учесници во Програма за мобилно новинарство

0
870

Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА објавува повик за учесници во Програма за мобилно новинарство која е дел од нашиот проект – „Преку мобилно новинарство до зголемување на медиумската писменост“.

Целта на проектот е да ја подобри медиумската писменост и да создаде капацитети кај младите новинари и студентите по новинарство во областа на мобилното новинарство и преку менторство да продуцира стории од области важни за нашето општество, во форма на видеа. За таа цел пожелно е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

  • Да се студенти по новинарство или активни млади новинари.
  • Да имаат интерес за учење и напредок во сферата на медиумите и новинарството
  • Да имаат интерес за мобилно новинарство и нови дигитални алатки.
  • Да се стремат да работат според највисоки етички и професионални новинарски стандарди.
  • Да се креативни и посветени во работата и создавањето на финалните продукти од проектот.

Добредојдени се и кандидати кои немаат новинарско искуство но сакаат да научат мобилно новинарство и нивните апликации исто така ќе бидат разгледани.

Кандидатите освен што преку обука ќе имаат шанса да учат од странски експерт за мобилно новинарство, ќе бидат вклучени и во практична работа под менторство на домашни искусни новинари и експерти. Обуката за мобилно новинарство ќе се одржи од 25-ти до 29-ти септември, по што ќе следува менторски процес од неколку месеци. Од избраните кандидати се очекува да бидат посветени и вклучени во процесот на изработка на крајните видео продукти под водство на менторите и тимот на ПИНА.

Ќе бидат контактирани само оние апликанти кои ќе бидат селектирани. Повикот е отворен до 19-ти септември до 15:00 часот, апликации пристигнати по овој датум нема да бидат земени предвид.

Заинтересирани кандидати своето CV и контакти може да ги достават на info@pina.mk со назнака „За учество во Програмата за мобилно новинарство“.

Проектот се реализира со поддршка од грант-програмата на проектот „Медиумите за граѓаните – граѓаните за медиумите“, финансиран од Европската Унија.

 

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.