Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА објавува повик за учесници во Програмата за жени новинарки која е дел од нашиот проект – „Жени новинарки за посилно граѓанско општество“.
Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на жените новинарки во земјата преку обука и пракса во сферата на мобилното и мултимедијалното новинарство. Програмата за жени новинарки е поделена во два дела – обучувачки и практичен дел за мобилно новинарство, како и обучувачки и практичен дел за мултимедијално новинарство.
Обуката дава можности и за пракса и активна работа на теми кои се фокус на програмата според највисоки етички и професионални стандарди во новинарството.
За таа цел пожелно е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Да се студенти по новинарство, млади новинари или активни новинари.
- Да имаат интерес за учење и напредок во сферата на медиумите и новинарството.
- Да имаат интерес за мобилно новинарство, мултимедијално новинарство и нови дигитални алатки.
- Да се стремат да работат според највисоки етички и професионални новинарски стандарди.
- Да се креативни и посветени во работата и создавањето на финалните продукти од проектот.
Кандидатите освен што преку обука ќе имаат шанса да учат од странски експерт за мобилно новинарство, ќе бидат вклучени и во практична работа под менторство на домашни искусни новинари и експерти. Првата обука која е дел од програмата ќе се одржи во текот на септември. Од избраните кандидати се очекува да бидат посветени и вклучени во процесот на изработка на крајните видео и други медиумски продукти под водство на менторите и тимот на ПИНА.
Ќе бидат контактирани само оние апликанти кои ќе бидат селектирани. Повикот е отворен до 13 септември до 15:00 часот.
Заинтересирани кандидати своето CV и контакти може да ги достават на info@pina.mk со назнака „За Програмата за жени новинарки“. Доколку заинтересираните апликанти имаат и дополнителни прашања за повикот, освен на мејлот на ПИНА може да ги испратат и на координаторката на проектот, Кристина Озимец, на ozimec3@gmail.com.
Во содржината на мејлот кандидатите треба да го нагласат нивниот интерес за програмата и дали се заинтересирани да учествуваат во:
- Делот за мобилно новинарство
- Делот за мултимедијално новинарство
- И за мобилно и за мултимедијално новинарство.
Проектот „Жени новинарки за посилно граѓанско општество“ се стреми да ја подобри состојбата на жените новинарки во медиумите и ПИНА ги охрабрува сите новинарки кои имаат интерес за подобрување на своите вештини во работата во медиумите да се пријават на повикот. Добредојдени се сите новинари со интерес за мобилно и мултимедијално новинарство и нивните апликации исто така ќе бидат земени предвид во крајната селекција на кандидатите.
Проектот „Жени новинарки за посилно граѓанско општество“ е поддржан од програмата Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.