Отворен повик за „Мрежа на млади новинари“

0
445

Организацијата “Democracy Lab” отвори повик за учесници во новата програма – „Мрежа на млади новинари“, која опфаќа серија на професионални обуки за новинарство со домашни и меѓународни експерти.

Оваа нова програма има за цел да создаде и одржи мрежа на млади и независни новинари посветени на принципите на етичкото и независно новинарство. Преку нивното учество во програмата, учесниците ќе имаат шанси да ги изградат своите капацитети за подготовка на медиумски производи и известување преку едногодишна серија професионални обуки и можности за стажирање.

Обуките ќе бидат дизајнирани и водени од меѓународни експерти во соработка со локални експерти. Обуките ги вклучуваат следните теми:

  • Улогата на новинарството во демократското општество и етичкото новинарство;
  • Истражувачко новинарство;
  • Анализа на податоци и визуелизација;
  • Алатки и платформи за дигитални медиуми;
  • Работа со владини институции;
  • Комуникациски вештини;
  • Вмрежување и соработка;

По завршувањето на обуките, Програмата ќе продолжи да обезбедува насоки за учесниците на два начини: 1. Со понуди за практикантска работа во повеќе независни медиуми во земјата. 2. Ќе обезбеди пристап до независната онлајн платформа за медиуми – [Платформа за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА] за младите новинари да ги објават своите новинарски стории.

Рокот за аплицирање на програмата е продолжен до 20 oктомври.

Доколку сте селектирани, ќе се стекнете со:

– Серија од високо професионални тренинзи за новинарство со американски и локални експерти
– Директна инволвираност во креирање платени содржини
– Платена пракса за оние кои не се професионални новинари и студенти; стипендии за вработени новинари за независна работа од 2 месеци
– Поврзување со независни медиуми и можност за идно вработување
– Креирање и промовирање на лично портфолио
– Сертификат за завршена програма
– Сите трошоци поврзани со програмата се покриени од проектот.

Повеќе информации за Мрежата на млади новинари и за тоа како да се аплицира на истата на следниот линк.