Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА објавува повик за волонтери за третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје кој ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември во кино Култура. Преку фестивалот волонтерите ќе добијат можност директно да се вклучат во работата на организацијата, со што ќе се стекнат со организациски вештини и ќе ги надградат своите способности и вештини преку присуство на настани, дискусии и работилници со врвни професионалци – истражувачки новинари, режисери и други медиумски работници.
Од волонтерите се очекува да бидат професионални, присутни во текот на сите денови на фестивалот и да бидат активно вклучени во неговата реализација. Дел од обврските кои ќе ги извршуваат волонтерите се:
- Логистика за време на настаните во времетраење на фестивалот
- Контактирање и известување на соработници на организацијата
- Спроведување на гостите до местото на одржување на настаните и нивно асистирање
- Распределба и грижа за промотивни материјали (постери, флаери, програма, каталози)
- Можност за учество на работилниците во рамки на фестивалот
Во зависност од квалификациите, волонтерот може да извршува и други обврски како:
- Одржување профили на социјални медиуми
- Пишување кратки вести
- Снимање видеа
Покрај наведените обврски волонтерот ќе има и други задачи во зависност од текот на настаните. Заинтересираните кандидати треба да волонтираат 3 до 5 дена со работно време од 5 часа во текот на денот.
Се охрабруваат младите и студентите да аплицираат и да работат на фестивалот заедно со тимот на ПИНА.
За периодот на волонтирање, ПИНА во соработка со партнерската ,,Фондација Фридрих Еберт – канцеларија Скопје” ќе ги покрива трошоците за храна и превоз на учесниците и ќе обезбеди надомест од 2000 денари бруто. Сите заинтересирани може да се пријават со испраќање на своето CV или кратка биографија, како и контакт телефон на info@pina.mk и на jovanovska_iv@yahoo.com (да се вклучат двата мејлови). Кандидатите кои се избрани во крајната селекција ќе бидат контактирани. Повикот е отворен до 16 октомври.