Повик за ментори по мобилно новинарство

0
286

Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА објавува повик за ментори кои ќе бидат дел од проектот „Преку мобилно новинарство до зголемување на медиумската писменост“.

Целта на проектот е да создаде капацитети кај младите новинари во областа на мобилното новинарство и преку менторство да продуцира стории од области важни за нашето општество, во форма на видеа. За таа цел се бара пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

  • Да имаат најмалку 5 години искуство како активни новинари
  • Да имаат значајно искуство од областа на мобилното новинарство и активно да продуцираат мобилни видеа.
  • Да имаат практични вештини од работа со видео материјали и да практикуваат монтирање на видеа
  • Да знаат да работат со мобилни апликации за монтирање на видеа
  • Да работат по највисоки етички и новинарски стандарди
  • Да се креативни и посветени во работата и создавањето на финалните продукти од проектот.

За предност исто така ќе се сметаат претходни искуства како менторства и предавања со млади и студенти.

Кандидатите се бараат за:

  1. Хонорарен ангажман во временски период од четири месеци, во кој ќе работи на обучување и менторство за изработка на конкретни медиумски производи заедно со учесниците кои ќе бидат дел од проектот.
  2. Хонорарен ангажман во временски период од два дена за обука во рамки на проектот каде ќе се учат вештини за изработка на видеа и ќе се работи со учесниците во програмата.

Ќе бидат контактирани само оние апликанти кои ќе бидат селектирани. Повикот е отворен до 27 јули 2019, апликации пристигнати по овој датум нема да бидат земени предвид.

Заинтересирани кандидати своето CV и контакти може да ги достават на info@pina.mk со назнака „За повикот за мобилно новинарство“.

Проектот се реализира со поддршка од грант-програмата на проектот „Медиумите за граѓаните – граѓаните за медиумите“, финансиран од Европската Унија.