Почетна Вести Повик за ментори (новинари)

Повик за ментори (новинари)

0
250

Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА објавува повик за ментори (новинари) кои ќе бидат дел од проектот „Жени новинарки за посилно граѓанско општество“.

Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на жените новинарки од областа на мобилното новинарство и мултимедијалните вештини. За таа цел се бара пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

  • Да имаат најмалку 5 години искуство како активни новинари
  • Да имаат значајно искуство од областа на мобилното новинарство и мултимедијалното новинарство.
  • Да имаат познавање и практични вештини од работа со видео материјали и монтирање
  • Да работат по највисоки етички и новинарски стандарди
  • Да се креативни и посветени во работата и создавањето на финалните продукти од проектот.

За предност исто така ќе се сметаат претходни искуства како менторства и предавања со млади и студенти.

Менторите се бараат за хонорарен ангажман во временски период од три месеци, во кои ќе работат на обучување и менторство за изработка на конкретни медиумски производи заедно со учесниците во програмата креирана за целите на проектот.

Ќе бидат контактирани само оние апликанти кои ќе бидат селектирани. Повикот е отворен до 22 јули 2019, апликации пристигнати по овој датум нема да бидат земени предвид.

Заинтересирани кандидати своето CV и контакти може да ги достават на info@pina.mk .

Лице за контакт за дополнителни прашања околу повикот – Ивана Крстиќ: krstikj98@yahoo.com

Проектот „Жени новинарки за посилно граѓанско општество“ е поддржан од програмата Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.