Почетна Вести АВМУ утврди мизогинија и сексизам на три радио станици

АВМУ утврди мизогинија и сексизам на три радио станици

0
417

Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги соопшти дека утврдиле дискриминација врз основа на пол и сексизам во кампања која се одвива на три познати радио станици во земјава.

„Деновиве се емитуваат спотови од заедничка кампања во сопствена продукција на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, која, како што се вели во нив, е наменета за „сите пре-еманципирани жени“.

Агенцијата констатираше дека кампањата претставува дискриминација врз основа на пол, ширење мизогинија и сексизам што е флагрантно кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Трите радиодифузери кои ја продуцирале оваа кампања, се однесуваат на начин кој е непоимлив и целосно неспојлив со професионално однесување.

Имено, во кампањата, еманципацијата на жените и на мажите се поставуваат како два процеси кои меѓусебно се исклучуваат, еманципацијата и стремежот на жените да го достигнат максимумот во своите кариери се претставува како негативна појава, успешните жени се подложуваат на потсмев и омраза, а на децата и младите од обата пола им се испраќа порака дека не се еднакви и дека не треба да се стремат кон еднаквост“, се вели во соопштението на АВМУ.

Тие информираат дека до трите радија се упатени известувања за констатираното прекршување на Законот, како и дека Извештајот од надзорот е достапен на веб страницата на Агенцијата, а ќе биде испратен и до Комисијата за заштита од дискриминација.

Според извештајот, дел од пораките во кампањата гласат:

„Ти сакаш да бидеш Марија Кири. Можеби и можеш. Ама не се преценувај ако не можеш. Ти треба Нобелова награда или само пофалница дека си најдобрата?“

„Ѓаволот носи Прада е само филм. Во филмот, Мерил Стрип е само една еманципирана кучка. Се препозна некоја? Кучка може да биде секоја, ама станува само некоја“.

Кампањата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи од страна на граѓани и активисти за родови прашања, поради пораките кои ги упатува до жените кои според кампањата биле „премногу еманципирани и станале мажи во трката по работа“.

Реагираа и од Метрополис Радио Мрежата од каде се правдаа дека префиксот ПРЕ од насловот на кампањата, имал намера да посочи дека се што оди во крајност и е претерано е контра-продуктивно и дека „газењето на се пред себе во исто време значи заборавање на етичкото во себе, и сквернавење на архетипското и суштественото кај жената“.

„Им се извинуваме на сите оние кои почувствувале дека Кампањата „Пре-еманципирани жени“ има намера да го навреди или дискриминира идентитетот на жената, нејзината позиција, улога и значење во семејството, во општеството и во некоја од неговите сфери.

Кампањата посочува и на машкиот квази-традиционален модел на супериорен, егоистичен, пасивен маж, со „генетска предиспозиција за доминантност“, кој живее на грбот на жената.

Кампањата, како и сите претходни кампањи кои ги продуцираат овие медиуми, преку симболичен и ироничен јазик, има за цел да ги поттикне вистинските, суштествени егзистенцијални вредности кај единката“, се вели во нивната реакција.

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.