Почетна Граѓанско општество Повик за волонтери на Медиумски Фестивал Скопје 2022

Повик за волонтери на Медиумски Фестивал Скопје 2022

0
434

ПИНА објавува повик за волонтери на шестото издание на Медиумски Фестивал Скопје (МФС) кое ќе се одржи од 22 до 24 септември во Кинотека на Македонија.

Фокусот на овогодишното издание е животната средина, каде ќе се разгледуваат актуелните прашања што нè опкружуваат, од климатската вонредна состојба која ги погодува сите на планетата, до бетонизацијата на зелените површини во нашите градови, новинарството посветено на екологија и други важни „зелени“ теми.

Истовремено, ПИНА како и секоја година на фестивалот повторно дава значаен простор за теми посветени на опасностите во новинарската работна средина.

Значаен дел од програмата ќе биде посветен и на онлајн вознемирувањето со кое се соочуваат новинарките во нашата земја. Ќе бидат одржани бројни дискусии, работилници, филмови и други настани посветени на разни теми важни за медиумите и граѓанското општество.

Волонтерите ќе помагаат во организацијата и логистичката поддршка на настаните на фестивалот кои ќе се одржуваат во живо во Кинотека. Сите заинтересирани потребно е да се пријават на мејл адресата info@pina.mk со наслов на мејл „Повик за волонтери“, заклучно со 18 септември.

Пожелно е да напоменат и неколку реченици со опис на активностите во кои би сакале да бидат вклучени. За избраните волонтери ќе биде обезбеден и надомест од 2.000 денари бруто.

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.