Почетна Интервјуа Трифуновска: Институциите немаат слух за состојбите во затворите

Трифуновска: Институциите немаат слух за состојбите во затворите

0
309

Заменик народниот правобранител Соња Трифуновска во интервју за ПИНА вели дека нема поместување во условите за македонските затвореници.

За последниот претрес кој МВР го спроведе кон крајот на минатата година, за кој имаше многу реакции од страна на затворениците дека полициските службеници употребувале прекумерна сила Трифуновска вели дека затворениците биле удирани иако не пружале отпор.

-Тимот разговараше со 10 затвореника од кои добивме скоро идентични изјави за тоа како се одвивал настанот. Полициските службеници влегле во 05:30 часот, додека спиеле осудените лица, влегле во нивните простории, ги извадиле во кревет и почнале и да ги удираат иако затворениците не пружиле никаков отпор. За кратко време биле ставени во состојба на послушно, со врзани раце во седечка положба, со клечење во ходниците кадешто повторно ги удирале и употребувале сила. Тоа го добиваме од исказите на затворените лица. Понатаму, тимот во согласност со затворениците направи фотографии на нивните повреди коишто беа очигледни од употребата на сила на полициските службеници. Ги зеде и видео записите, видео снимките за да ја утврди фактичката состојба како било тогаш во тие часови на претресот. Од она што тимот го има констатирано од разговорите, видео записите и видливите повреди на нивните тела, и со разговорот на лекарот констатирано е дека околу 60 затвореници имале траги од повреди и скршеници по нивното тело. Народниот правобранител разгледувајќи ги сите докази дојде до констатација дека полициските службеници употребиле прекумерна сила бидејќи немале отпор од затворениците, вели Трифуновска.

Народниот правобранител до Одделот за внатрешна контрола на МВР, Бирото за јавна безбедност и до Управата за извршување на санкции испратиле барање за појаснување на ситуацијата. Досега само БЈБ не одговорило на нивните барање.

Автор: Даниел Василев

  • Видеото е изработено во рамки на Програмата за млади новинари на ПИНА
ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.