Герман Филков: Штом се затворат дел од вентилите за корупција, веднаш се отвораат следни

0
320

Интересно е што ние 15 години правиме секојдневен мониторинг на јавните набавки, можам да кажам дека големи осцилации во намалување или зголемување на корупцијата нема, меѓутоа таа е константно висока, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации во интервју за ПИНА.

,,Едно нешто, две, три работи во текот на одреден период ќе се затворат како вентили за корупција, како простор, веднаш се отвораат следни. Затоа е потребно секојдневно следење и следење, одново и одново“, додава тој. Во интервјуто разговараме и за јавните набавки како област во која е можна корупцијата, за ефикасното трошење на јавни пари, како и за довербата во институциите во општество со висока корупција.

Автор: Виктор Вукановски

  • Видеото е изработено во рамки на Програмата за млади новинари на ПИНА