Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА објавува повик за пријавување на млади новинари кои би сакале да станат дел од Програмата за млади новинари во ПИНА.
Програмата има за цел да понуди долгорочни менторства и пракса за млади новинари, со вклучена платена практична работа на текстови и видеа кои ќе ги изработуваат новинарите. Темите на кои ќе се посветат новинарите се поврзани со доброто владеење, транспарентноста и отчетноста на институциите, корупцијата итн.
За таа цел се бара пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
* Да се млади новинари и да имаат интерес за учење и напредок во сферата на медиумите и новинарството.
* Да се стремат да работат според највисоки етички и професионални новинарски стандарди.
* Да се креативни и посветени во работата и создавањето на финалните продукти.
Заинтересираните кандидати своето CV заедно со краток опис (неколку реченици) со што би сакале да придонесат во програмата, може да ги достават на info@pina.mk, со назнака ,,Повик за млади новинари”. Доколку заинтересираните апликанти имаат дополнителни прашања за повикот, може да ги пратат на мејлот на ПИНА наведен погоре. Рокот за аплицирање е до 12- ти март.
Програмата е дел од проектот на ПИНА насловен “Promoting Accountability through Independent Journalism”, поддржан од National Endowment for democracy.