Повик за учество на работилница за новинарки за справување со онлајн вознемирување

0
63

ПИНА објавува повик за учество на онлајн работилница за новинарки, која се однесува на справување со онлајн вознемирувањето, односно нивно препознавање, справување со нив и добивање поддршка.

Работилницата ќе се одржи онлајн на 24 септември (сабота) од 12 до 15 часот, во склоп на шестото издание на Медиумскиот Фестивал Скопје (МФС). Говорници на работилницата ќе бидат Нина Спрингер – професор по медиуми и комуникациски студии со фокус на новинарството и психологот Тиана Ивановска.

Заинтересираните за работилницата треба да испратат краток мејл на адресата martin.ko014@gmail.com заклучно до петок (25 септември), со цел да бидат понатамошно контактирани за деталите за настанот.

Целосната програма за Медиумскиот Филмски Фестивал може да се погледне на www.mfs.mk.