Напредна онлајн работилница за мобилно новинарство

0
127

Дали го заврши нашиот почетен курс за мобилно новинарство? Дали сакаш да научиш повеќе трикови и техники на занаетот? Сакаш да научиш како да креираш висококвалитетни новинарски приказни со твојот мобилен телефон со поддршка и под менторство на експертите на Томсон Медија?

Придружи им се на Александар Манасиев и Кристина Озимец на бесплатната онлајн- работилница на Томсон Медија – Напреден курс по мобилно новинарство кој ќе се одржи од 6 до 10 октомври . Оваа онлајн-работилница, која ќе се организира во живо преку онлајн алатки, ќе ви овозможи да стекнете напредни вештини за мобилно новинарство кои практично ќе ги примените преку индивидуални и групни вежби со поддршка на нашите тренери и ментори.

На крајот на овој курс вие ќе бидете во можност да:

  • Ги примените техниките за креирање моќни фотографии користејќи паметен телефон.
  • Стекнете вештини за правење кратки видеа и фото-приказни користејќи паметен телефон.
  • Создадете релевантна содржина која ќе ја ангажира публиката.
  • Користите апликации за снимање и монтажа соодветни за IOS и / или андроид уреди.
  • Препознаете различни формати потребни за различни социјални медиуми.
  • Адаптирате материјал снимен на паметни телефони за различни социјални медиуми.
  • Креирате содржина соодветна за гледање на паметни телефони.
  • Употребете ги вештините за креирање на балансирана новинарска содржина.

Дали имате премногу обврски неделава? Без грижа: иако онлајн работилницата е предвидено да трае пет дена, дизајнирана е да можете да следите групни и индивидуални сесии, што значи дека вие ќе можете да продолжите со вашиот професионален ангажман или лични обврски и да ја следите работилницата во меѓувреме.

Вторник, 06.10: Учесниците ќе имаат 4 часа онлајн тренинг со паузи помеѓу сесиите и работна задача по завршување на тренингот. (во просек 3 часа).

Среда- Петок: Учесниците ќе работат, поделени во две групи: Група 1, онлајн сесии од 10:00 до 13:00 часот и Група 2 , онлајн сесии од 14:00 до 17:00 часот (вежби и работни задачи по тренингот од околу 3 часа)

Сабота 10.10: Последниот ден од работилницата е предвиден за индивидуални сесии фокусирани на монтирање на прилозите. Секој од учесниците ќе има можност да работи со тренерот и менторот во просек околу  30 – 45 минути, а наредниот дел од денот може да го искористи за самостојна работа на монтирање на прилогот. Нашите тренери ќе бидат достапни од 10:00до 18:00 часот за индивидуални сесии.

По завршување на онлајн-работилницата: Сите учесници ќе имаат можност за консултации со нашите експерти во периодот по завршување на онлајн-работилницата со цел да креираат квалитетни приказни на мобилен телефон кои се подготвени за објавување.

За да го завршите нашиот четиричасовен курс по сопствена динамика кој е услов за аплицирање на напредната онлајн-работилница, посетете ја страницата https://bit.ly/2Ecc5ji

За да аплицирате Ве молиме пополнете го онлајн формуларот.

Ве молиме аплицирајте за онлајн-работилницата до недела, 4 октомври до 16 часот.

За повеќе информации поврзани со онлајн работилницата за мобилно новинарство Ве молиме контактирајте ја Маја Васиќ-Николиќ на емајл: majavn@thomsonfoundation.org.

Курсот е организиран во рамките на проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“ кој го спроведува БИРН Хаб во партнерство со: Томсон Медиа gGmbH (ТМ), Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Централноевропскиот универзитет (Центар за медиуми, податоци и општество на ЦЕУ), Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа  (МАСЕЕ), Центарот за истражувачко новинарство на Црна Гора (ЦИН ЦГ), Независниот синдикат на новинари и медиумски работници во Македонија (ССНМ), БИРН Албанија и БИРН Србија.

Проектот е финансиран од ЕвропаАид / Европската комисија преку својата Регионална програма за обука и поддршка за подобрување на квалитетот и професионалноста во новинарството.