Вакцината што се развиваше и испитуваше на Универзитетот во Оксфорд се покажа како сигурна, објави Би-би-си.
Во испитувањата во кои учествуваа вкупно 1.077 волонтери се покажа дека вакцината им помогнала во создавање на антитела, а белите крвни зрнца биле во можност да се изборат против коронавирусот.
Иако е прерано да се зборува за тоа дали вакцината ќе биде доволна заштита против ковид-19, откритијата се ветувачки. Велика Британија веќе нарачала околу 100 милиони вакцини.
Би-би-си пишува дека вакцината е безбедна, но предизвикува нуспојави, кои во досегашните испитувања се немаат покажано како опасни.
„70 отсто од лицата кои учествувале во испитувањето на вакцината развиле покачена телесна температура или главоболка, но тие нуспојави може да се решат со парацетамол“, пишува Би-би-си.