Почетна Вести Нови 164 случаи на ковид-19, починаа пет лица

Нови 164 случаи на ковид-19, починаа пет лица

0
75

Министерството за здравство информира дека во текот на 24 часа регистрирани се нови 164 случаи на ковид-19 во земјава, а пет лица се починати. Оздравени се вкупно 74 лица.

Во последните 24 часа се направени 1612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 59
-Куманово 12
-Дебар 18
-Штип 17
-Прилеп 1
-Тетово 6
-Струга 6
-Битола 1
-Кавадарци 2
-Гостивар 9
-Пробиштип 2
-Демир Хисар 1
-Свети Николе 23
-Кичево 6
-Ресен 1

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во Клиничката болница во Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во Клиничката болница во Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од:

-Скопје 42
-Штип 7
-Тетово 1
-Струга 4
-Велес 1
-Охрид 6
-Кавадарци 3
-Свети Николе 2
-Ресен 7
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 83216 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8786, бројката на оздравени пациенти е 4676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3704.

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.