Само 5 отсто од населението во Шпанија развилo антитела на новиот коронавирус ковид-19, покажува студија објавена во медицинското спијание „Лансет“, пренесува Си-ен-ен.
Ова сознание од новата студија покажува дека веројатноста е голема дека 95 отсто од населението во Шпанија е подложно на ковид-19 и дека обидот за „имунитет на стадо“ не е остварлив. Колективен имунитет се постигнува кога поголем дел од популацијата ќе се зарази со вирусот или кога ќе се вакцинираат против одреден вирус со цел да запре неговото кружење.
„Имајќи ги предвид овие откритија, секој предлог за постигнување ,,имунитет на стадото преку природна инфекција не е само високо неетички, туку и неостварлив“, велат авторите на коментарите во Лансет, Изабела Екерле, шеф на Женевскиот центар за појава на вирусни заболувања и Бенџамин Мејер , виролог на Универзитетот во Женева.
Лекарите не се сигурни дали ако некој има антитела на коронавирусот значи дека не може повторно да се зарази. Не е јасно колку долго или колку добро антителата ги штитат луѓето од вирусот. Студијата од страна на Шпанија започнала во април, додека земјата беше во строг карантин и беше спроведена од водечките владини агенции за истражување и епидемиолошките агенции.
Европскиот центар за контрола на болести за Си-Ен-Ен изјави дека истражувањето во Шпанија е направено на репрезентативен примерок од повеќе од 61.000 учесници. Засега, се чини дека ова е најголемата студија досега, во споредба со другите студии спроведени за коронавирусот низ европските земји.