Почетна Вести НМХТ: Одговорноста што падна Законот за заштита од дискриминација на Уставен е...

НМХТ: Одговорноста што падна Законот за заштита од дискриминација на Уставен е кај пратениците

0
268

,,Вината и одговорноста за оваа одлука е во пратениците, особено владеачкото мнозинство кое предизборната кампања ја засноваше на градењето на едно општество за сите и ни ветуваше унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето”

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, и покрај тоа што ја очекуваше, со големо разочарување ја прими веста за одлуката на Уставниот суд да го укине Законот за спречување и заштита од дискриминација, велат оттаму.

„Оваа одлука на Уставниот суд доаѓа по иницијативата поднесена од страна на претходниот состав на Комисијата за заштита од дискриминација за оценка на уставноста и законитоста на Законот, бидејќи законот беше донесен без потребното мнозинство кое е уредено со член 75 од Уставот.

Вината и одговорноста за оваа одлука е во пратениците, особено владеачкото мнозинство кое предизборната кампања ја засноваше на градењето на едно општество за сите и ни ветуваше унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето.

Одговорност имаат и Талат Џафери, Претседателот на Собранието и Стево Пендаровски, Претседателот на државата кои морале да знаат дека законот е донесен спротивно на Уставот“, велат од оваа мрежа.

Со новото законско решение за првпат експлицитно се забрани дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, со што требаше конечно да се овозможи поголема заштита и правно признавање на идентитетот на ЛГБТИ луѓето.

„Пораката која ја испративте до ЛГБТИ луѓето, но и до другите групи на ранливи, различни, понижувани и обесправени граѓани како Ромите, сиромашните, политички неподобните, луѓето со попреченост, жените и работничките е дека нивните права и животи се неважни. Ние немаме политичка моќ, ние немаме пари, ние не можеме да ви донесеме гласови на избори, но не сметаме дека тоа е предуслов за да ни овозможите достоинствен живот кој ни го должите со самиот факт што постоиме.

Ефикасна и ефективна заштита од дискриминација како крајна цел треба да има зауздување на привилегиите стекнати спротивно на закон, а овозможување на еднаков пристап до човековите права за најмаргинализираните, како клучни ресурси во демократијата. Оттука, разбираме дека малку е веројатно одвашата привилегирана позиција да се ставите во нашите чевли и заедно со нас да работите на унапредување на нашите права, но, нашите права не се прашање на вашата емпатија и милостина, туку прашање на ваша обврска и должност“, додаваат од оваа мрежа.

Тие ги потсетуваат институциите дека и покрај укинувањето на законот имаат обврска да ги штитат ЛГБТИ луѓето од дискриминација и со нив да постапуваат достоинствено и еднакво.

Уставниот суд вчера го укина Законот за спречување и заштита од дискриминација затоа што оцени дека основано може да се доведе под сомнение согласноста на оспорениот закон со Уставот на Републиката односно со член 75 став 3 од Уставот, затоа што е донесен без потребното мнозинство предвидено во наведениот член и за истиот не гласале 61 пратеник како што бара овој член од Уставот.

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.