МЗ: Се планира надоместок за медицинскиот персонал поради кризата со Ковид19

0
97

Планирана е една одредена сума на средства како награда/надоместок за сите лекари, медицински сестри кои деноноќно се грижат за пациентите и се борат против КОВИД-19, велат од Министерството за здравство за ПИНА за тоа дали има во најава зголемување на платите на медицинските сестри и персоналот и што се прави за подобрување на нивните услови за работа.

Според министерството, во моментов се разгледуваат буџетските можности за оваа намена.

„Во овие исклучително тешки моменти и пред најголемиот светски здравствен предизвик – вирусот КОВИД-19, здравствените работници го даваат својот максимум за спасување на животите на нашите пациенти. Тие се први на удар на вирусот. Во изминатиот период, работата на медицинските сестри е уште потешка. Им благодариме за влогот и трудот кои го вложија. На Меѓународниот ден на медицинските сестри одаваме почит за сите кои застанаа во првите борбени редови против коронавирусот“, велат од министерството.

Во продолжение текстот на ПИНА за медицинските сестри кои се на првата линија во борбата со Ковид 19.

Од Министерството за здравство денеска соопштија дека согласно параметрите на Светската здравствена организација епидемијата со Ковид 19 е под контрола и може да се очекуваме стабилен период во летните месеци.

„Репродуктивниот број (R0) е помал од 1. Ова значи дека статистички 1 пациент заразува помалку од 1 пациент. Здравствениот систем има капацитет да се справи со повторно појавување на нови случаи со КОВИД-19“, велат оттаму.