Можно е повторно затворање на границите со Србија и Косово

0
71

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството можно е повторно затворање на границите со Србија и Косово или воведување на дополнителни мерки, информира Министерството за здравство.

„Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји. Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија“, се вели во соопштението на Министерството.

По утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство ќе информира за донесените одлуки.