Почетна Вести Донесени протоколи за концерти, музеи, обложувалници и спортски натпревари

Донесени протоколи за концерти, музеи, обложувалници и спортски натпревари

0
315

На денешната владина седница донесени се повеќе протоколи за работа во време на ковид-19 кои се однесуваат на различни сектори.

Откако вчера беше соопштено дека Комисијата за заразни болести прифатила предлог-протоколи за одржување на концерти на отворено, на денешната седница на Влада е донесен и протоколот за спроведување на мерки за заштита од ковид-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани.

Концертите ќе се одржуваат под посебни услови, маските ќе бидат задолжителни

„На оваа своја седница Владата ги донесе и протоколот за работа на музеи, галерии и изложбени простори, протоколот за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, протоколот за вршење на меѓуградски превоз, како и препораки и упатства за спречување на ширење на ковид-19, при влез на македонски и странски државјани во Република Северна Македонија“, информира владината прес-служба.

На денешната 73. седница донесени се измени и дополнувања на протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), како и измени и дополнувања на протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).

Донесена е одлука за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови и е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да го отпочнат организирањето спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите.

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.