Во последниве 24 часа се регистрирани 118 новозаболени на ковид-19 од вкупно направени 1363 тестирања, 74 пациенти се оздравени, а починаа четири лица.
Како што информира Министерството за здравство, по градови новите случаи се регистрирани во: Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-5.
„Во ГОБ ‘8 Септември’ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат“, информираат од Министерството.
Од вкупно 74 оздравени најголем дел се во Скопје вкупно 37, потоа во Тетово 24, петмина во Прилеп, четворица во Гостивар, тројца во Штип и еден во Велес.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на оздравени пациенти е 2048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2588, активни 1734
• Куманово 703, активни 250
• Дебар 83, активни 31
• Штип 276, активни 186
• Прилеп 235, активни 17
• Тетово 558, активни 322
• Струга 181, активни 101
• Велес 169, активни 34
• Битола 43, активни 14
• Охрид 120, активни 100
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 87, активни 50
• Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 12, активни 8
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 61, активни 27
• Пробиштип 13, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 17, активни 15
• Кичево 9, активни 6
• Ресен 70, активни 69
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Состојбата по општини во Скопје е следната:
• Чаир – 402
• Аеродром – 136
• Бутел – 138
• Гази Баба – 150
• Центар – 131
• Карпош – 116
• Сарај – 137
• Кисела Вода – 98
• Ѓорче Петров – 80
• Студеничани – 86
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 49
• Илинден – 31
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 15
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 4
• Нераспределен-4