Обновено: Повикот за волонтери на ИФФС2 е затворен

0
438

Почитувани,

поради големиот број на пријави за волонтирање за Истражувачкиот филмски фестивал Скопје кои ги добивме за само неколку дена, повикот за волонтери е затворен.

Платформата за истражувачко новинарство и анализи ПИНА го организира второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје / Investigative Film Festival Skopje од 25 до 27 октомври 2018 година во кино „Култура“ во Скопје.

Во насока на врвна организација и зајакнување на капацитетите отворивме можност за сите заинтересирани млади луѓе од Македонија да се вклучат како волонтери во работата на фестивалот. Волонтерите ќе имаат драгоцена можност да се стекнат со организациски вештини, да се запознаат со процесот на организација на ваков настан, како и да ги надградат своите знаења преку присуство на работилници, дискусии и настани со врвни професионалци – истражувачки новинари и режисери.

Сите пријавени ќе бидат контактирани со понатамошни детали. Ви благодариме на интересот и се гледаме на ИФФС2!