Повик за учесници – Мрежа на млади новинари 2

0
263

„Мрежата на млади новинари“ проект на „Демокраси Лаб“ поддржан од Програмата за менторство на медиумите на Амбасадата на САД во Скопје, по втор пат ќе ги гради капацитетите на младите новинари за учење на новинарство и известување преку едногодишна серија на професионални обуки и можности за практикантска работа.
Демокраси Лаб го отвора повикот за учесници за втората година на програмата ,,Мрежа на млади новинари“, во која ќе понуди серија на стручни обуки со меѓународни и локални експерти.

Програмата има за цел да создаде и одржи мрежа на млади и независни новинари, посветени на принципите на етичко и независно новинарство. Преку нивното учество во програмата, учесниците ќе ги градат своите капацитети во изработката на вести и стории и известување преку едногодишна серија на професионални обуки и можности за практикантска работа.

Обуките ќе бидат дизајнирани и водени од меѓународни експерти во соработка со локални експерти. Фокусот е на следните теми:

1. Улогата на новинарството во демократското општество и етичкото новинарство;
2. Техники на истражувачкото известување.
3. Анализа на податоци и визуелизација.
4. Алатки и платформи за дигитални медиуми.
5. Работа со владини институции.
6. Комуникациски вештини и вмрежување и соработка.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Кој може да аплицира?

● Тековни студенти и неодамна дипломирани студенти во различни студиски програми на возраст од 18-29 години.
● Луѓе кои покажуваат мотивација за кариера во новинарството.
● Луѓе кои имаат каква било позадина во новинарството (студии или искуство).
● Луѓе кои имаат докажани вештини на англиски јазик.
● Луѓе кои имаат вештини за пишување или какво било искуство со пишување.
● Луѓе кои имаат добри комуникациски вештини.

По завршувањето на обуките, Програмата ќе продолжи да обезбедува насока за учесниците преку пристап во два чекори:

1. Ќе понуди можност за стажирање во партнерство со независни медиуми во земјата.

2. Ќе овозможи пристап до независната медиумска платформа – Платформа за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА – [www.pina.mk] за нашата Mрежа на млади новинари да ја објавуваат својата работа.

Краен рок за аплицирање:  20 октомври 2020 година; 12 часот (полноќ)

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават преку пополнување на овој формулар за аплицирање: https://forms.gle/5sT1J7kt7jYGrMGS6

Доколку имате дополнителни прашања, може да ги пратите на следниот мејл: YJN@demlab.org